Известување до учесниците на Локалните избори 2021 година

14.10.2021 - 09:00
Слика
Известување до учесниците на Локалните избори 2021 година

Учесниците во изборната кампања за Локалните избори 2021 година, се должни на ден 16 октомври (сабота) 2021 година,  еден ден по завршување на изборната кампања, да достават до Државниот завод за ревизија Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на изборната кампања, согласно член 84-б став 3 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ број 40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 98/19, 42/20, 74/21 и 215/21 ).

За таа цел, Државниот завод за ревизија на ден 16 октомври  ќе  обезбеди редовно работење на Архивата за прием на извештаите заклучно со 24:00 часот, а истовремено  ќе овозможи и  електронски прием на истите на службената адреса на ДЗР [email protected].

Укажуваме дека Извештајот со образец за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на изборната кампања учесникот во изборната кампања е должен да го изготви на образец пропишан од министерот за финансии, односно согласно Правилникот за образецот за извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања и извештај за примени донации на трансакциска сметка за финансирање на изборна кампања („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 80/2021 и 218/2021). Составен дел на овој правилник е Упатството за начинот на пополнување на образецот на извештајот.

Политичките субјекти се должни овие извештаи да ги објават на своите веб страници.

За Ваше информирање, наведениот правилник е објавен и на официјалната веб страна на Државниот завод за ревизија www.dzr.mk, во табот Локални избори 2021, во подтаб законски акти на следниот линк.

https://dzr.mk/sites/default/files/2021-09/Pravilnik_za_%20izmenuvanje_%20na_Prav_izveshtaj_IK.pdf