dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Известување до учесниците на Локалните избори 2021 година

12.10.2021
Слика
Известување до учесниците на Локалните избори 2021 година

Ги повикуваме сите учесници во изборната кампања Локални избори 2021 година кои немаат доставено до Државниот завод за ревизија Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на изборната кампања на 11 ден од денот на изборната кампања, односно до 7 октомври 2021 година, 24:00 часот, во најкус можен рок да преземат мерки и активности за нивно доставување согласно одредбите од член 84-б став 2 а во врска со член 71 став 1 одИзборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 42/20 и 74/21 и 215/21).

Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на изборната кампања на 11 ден од денот на изборната кампања треба да се достави до архивата на Државниот завод за ревизија на адреса: ул. „Павел Шатев“ бр. 2, Палата „Емануел Чучков“ Скопје, или по електронски пат на службената електронска адреса на ДЗР односно [email protected] испратен од  емаил адресата на учесникот во изборната кампања која што е регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Наведениот образец ве известуваме дека е поставен на веб страницата на ДЗР и можете да го преземете на следниот линк:

Напоменуваме дека, доколку не се постапи согласно дадените укажувања, Државниот завод за ревизија има надлежност согласно член 177-а став 4 од Изборниот законик да достави предлог до Државната изборна комисија за донесување на Одлука за забрана (суспензија) на исплатата на надоместокот на трошоците за финансирање на изборната кампања за локалните избори за 2021 година кои се исплаќаат од Буџетот на Република Северна Македонија на учесниците во изборната кампања кои нема да ги испочитуваат одредбите од член 84-б став 2 од Изборниот законик односно нема да ги достават горенаведените извештаи во пропишаниот рок и содржина до Државниот завод за ревизија.

Напоменуваме дека,  согласно одредбите од член 189 став 4 од наведениот закон пропишана е Глоба во износ од 9.000 евра во денарска противвредност која ќе им се изрече за прекршок на политичка партија, коалиција односно независен кандидат ако не поднесат извештај за финансирање на изборната кампања во предвидениот рок од членот 84-б од Изборниот законик.