dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Работилница на тема Корупција и измама

23.09.2021
Слика
Конференција на тема Корупција и измама

Во рамки на активностите од твининг проектот “Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, а на иницијатива на Државниот завод за ревизија, вработените од ДЗР учествуваа на дводневна работилница на тема “Корупција и измама”, реализирана од страна на г-ѓа Лена Андерсен, експерт во областа на превенцијата и спречувањето на корупцијата.

На работилницата преку дискусија и интерактивни вежби, ревизорите имаа можност да ги изнесат своите практични искуства и размислувања на повеќе теми во контекст на борбата за превенција и справување со корупцијата, како и да го споделат своето искуство во детектирањето на можни случаи на корупција и измама при вршењето на ревизии во субјектите предмет на ревизија.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски во контекст на темата на обуката истакна дека најголемата инвестиција во справувањето со измамите и корупцијата претставува превенцијата и создавањето на соодветно опкружување и свест за отпорност кон истата.

Од страна на предавачот г-ѓа Лена Андерсен беа презентирани различните форми и видови на корупција, процесот на управување со ризик од корупција, како и постапувањето на земјите од регионот во заложбите за обезбедување на поголема отчетност на институциите со цел доследно почитување и владеење на правото.