dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

ДЗР, ДКСК И КИБС потпишаа Меморандум за соработка

23.09.2021
Слика
Потпишување на Меморандум за соработка и Протокол за размена на податоци

На ден 22.09.2021 година, Државниот  завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата и Клириншка куќа КИБС потпишаа Меморандум за заедничка соработка и Протокол за размена на податоци.

Меморандумот се потпиша во насока на реализација на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Законот за државната ревизија, за обезбедување на потребните податоци од Единствениот регистар на трансакциски сметки (ЕРТС) за потребите на вршењето надзор над извршените трансакции во изборната кампања. Со оваа активност се создаваат услови за реализација на надлежностите, правата и обврските на ДКСК и ДЗР во вршењето надзор и ревизија на изборната кампања.

Потпишаниот Протокол обезбедува услови за размена на податоци со кој се регулира опфатот на податоци, роковите на достава, каналите за размена на податоците и други технички и технолошки карактеристики на безбедната размена на податоците.