dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Родовата перспектива во управувањето со јавните финансии

13.09.2021
Слика
Заедничка фотографија на учесниците на настанот

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, заедно со претставници на Државниот завод за ревизија, Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика од Република Северна Македонија земаа учество на Регионалниот настан за воведување на родовата перспектива во управувањето со јавните финансии и значењето на интегрираните системи за управување со финансии во Тирана, Албанија, во периодот од 7-8 Септември 2021 година.

Воведувањето на родовата перспектива во интегрираните системи за планирање и финансиско менаџирање е од суштинска важност за обезбедување фискална транспарентност и отчетност и зајакнување на ефикасноста на фискалните политики. Презентираното искуство од претставниците на Република Албанија и другите држави, ги поттикна учесниците на настанот да дискутираат за придобивките од вклучувањето на родовата перспектива во системот на финансиско менаџирање преку употребата на родово-одговорно буџетирање како алатка за постигнување родова еднаквост и зајакнување на улогата на жените. 

Нa настанот беше презентиран напредокот во имплементацијата на родово одговорно буџетирање во Република Северна Македонија и тековните процеси за унапредување на правната и институционална рамка за унапредување на родовата еднаквост. Регионалниот настан беше одлична можност за размена на искуства, добри практики и дијалог за предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан.

Настанот беше организиран од UN Women и финансиски поддржан од Шведската агенција за меѓународна соработка и развој - Сида и Швајцарската агенција за развој и соработка.