dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Главниот државен ревизор во посета на ВРИ на Република Албанија

13.09.2021
Слика
ГДР Максим Ацевски и Претседателот на ВРИ на Република Албанија

На ден 07.09.2021 година, делегација на Државниот завод за ревизија, предводена од Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски, оствари работна средба  со Претседателот на Државната врховна ревизорска институција на Република Албанија, д-р  Арбен Шеху.

На состанокот беа дискутирани предизвиците и начинот на кој двете врховни ревизорски институции се справуваат со последиците предизвикани од глобалната пандемија КОВИД- 19. Главниот државен ревизор ги презентираше активностите кои се преземени во делот на спроведените ревизии за доделувањето на договорите за јавни набавки, како и за добивање на нефинансиска помош, распределба и користење од страна на институциите од јавниот сектор, за заштита и превенција од пандемијата, предизвикана од корона вирусот – КОВИД-19. Исто така беа презентирани резултатите од спроведените ревизии на успешност во делот на управување со кризи, епидемии, заштита на шумите и други.

Делегациите изразија задоволство од посветеноста на нивните институции во исполнувањето на меморандумот за соработка, потпишан во 2013 година, со цел промовирање на институционалната соработка, преку размена на искуства од областа на методологијата за надворешна ревизија, организација на паралелни ревизии за теми од и заеднички интерес, поддршка за развој и применување на софтвери за ревизија, размена на информации и документација за професионални активности, конференции, стручни обуки и семинари.

На крајот од средбата претставниците на Врховните ревизорски институции се заложија дека оваа соработка дополнително ќе се продлабочува преку размена на искуства и знаења меѓу двете институции во годините што следат, како и во вршење на заеднички ревизии.