dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Активности за превенција и борба против корупцијата

23.07.2021
Слика
Работна средба во просториите на ДЗР со г-ѓа Лена Андерсен

На 22.07.2021 година, беше одржана работна средба помеѓу Државниот завод за ревизија претставуван од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски со лидерот на компонентата 3 која се фокусира на подобрувањето на превенцијата и борбата против корупцијата, од твининг проектот “Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, г-ѓа Лена Андерсен.

Од страна на претставникот на твининг проектот, беше презентирано досегашното искуство во борбата против корупцијата, како и планираните активности во рамките на твининг проектот, меѓу кои и активноста за спонзорирање на магистерски студии на реномираната меѓународна Академија за антикорупција (IACA) во Лаксембург, Австрија, на која може да се пријават и вработените во Државниот завод за ревизија.

Главниот државен ревизор презентираше дел од досега преземените активности во оваа област и искуството од извршените ревизии, како и соработката со надлежните институции, во делот на добивање на повратни информации во постапувањето по ревизорските извештаи на ДЗР. 

На состанокот се договорија идните активности, меѓу кои и едукација на вработените во Државниот завод за ревизија, на теми во областа на борбата против корупцијата. Од страна на г-ѓа Лена Андерсен, од нејзината лична библиотека беа подарени на Државниот завод за ревизија книги и литература од областа на ревизијата и од областа на проценка на ризиците во борба против корупцијата.