dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Едукација со Интернационалната стопанска комора

14.07.2021
Слика
Заменик главниот државен ревизор во своето обраќање

Националната канцеларија на Интернационалната стопанска комора со седиште во Скопје во соработка со Државниот завод за ревизија на ден 13.07.2021 година одржа едночасовна онлајн едукација на тема „Имплементација на најдобрите интернационални практики за справување со корупција“.

Едукацијата е поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија, а има за цел зајакнување на капацитетите на надлежните институции за воспоставување на транспарентен, ефикасен и одржлив систем за справување со корупцијата.

На едукацијата свое обраќање имаше потпретседателот на Сојузот на стопански комори и претставник на Интернационалната стопанска комора, г-ѓа Габриела Кулебанова, како и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми.

Заменик главниот државен ревизор ја истакна заложбата на ДЗР како врховна ревизорска институција со своето работење да придонесува за зачувување и заштита на јавните средства и имот од неовластени и незаконски активности, како и важната улога која ја има ДЗР во борбата за спречување на корупцијата.

На едукацијата беше даден осврт на можните ризици од корупција при вршењето на ревизија на финансиските извештаи и беа презентирани најдобрите практики од Холандија со фокус на Меѓународниот ревизорски стандард 240. Исто така беа дискутирани и политиките и процедурите за управување со ризици, разбирањето на ефикасноста на работењето на внатрешната контрола на институцијата и добивањето на ревизорските докази засновани врз суштински процедури за ревизија.