dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Објавен Годишниот извештај за 2020 година

29.06.2021
Слика
Годишен извештај за работата на ДЗР за 2020 година

Во 2020 година ДЗР изврши вкупно 58 ревизии со кои беа опфатени 481 субјекти предмет на ревизија. Како резултат на извршените ревизии се издадени вкупно 82 конечни ревизорски извештаи, и тоа: 65 извештаи за ревизија на регуларност, 7 извештаи за извршена ревизија на усогласеност, 7 извештаи од извршена ревизија на успешност, 1 извештај за извршена ИТ ревизија и 2 извештаи од follow up ревизија.

Годишниот извештај за 2020 година содржи 1014 утврдени наоди и вкупно 604 препораки. Во текот на ревизиите  беа констатирани  слабости во работењето на субјектите кои биле предмет на ревизија како и во  законската регулатива за кои ДЗР има дадено  мислење и  препораки за подобрување на состојбите.

Со реализираните ревизии во 2020 година опфатени се вкупно 347 295 (во милиони денари) јавни приходи и 184 432 (во милиони денари) јавни расходи. Во 2020 година значително се подобрени и показателите за спроведувањето на ревизорските препораки, што укажува дека придонесот на ДЗР во насока на зајакнување на транспарентноста, отчетноста и одговорноста при трошењето на јавните средства станува се позначаен.

Целосната содржина на Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2020 година (македонска/албанска/англиска верзија) можете да ги преземете од следните линкови:

  1. https://dzr.mk/sites/default/files/2021-06/dzr-godisen-izvestaj-2020.pdf
  2. https://dzr.mk/sites/default/files/2021-06/Godisen_izvestaj_DZR_2020_ALB_0.pdf
  3. https://dzr.mk/sites/default/files/2021-06/Godisen_izvestaj_DZR_2020_ANG.pdf