Слика
На ден 23.06.2021 година, Државниот завод за ревизија и Универзитетот на Југоисточна Европа, потпишаа Меморандум за соработка.
Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), со потпишувањето на меморандумот за соработка изразија согласност да соработуваат преку поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес, изградба и зајакнување на меѓусебните деловни врски, како и обезбедување достапност на професионална размена на искуства.
Во таа насока, некои од договорените заеднички цели се:
- Подготвување и издавање на публикации, статии, прирачници и коментари од областа на ревизијата, изработка на научни трудови;
- Организирање на форуми, семинари и работилници;
- Подготвување и издавање на публикации, статии, прирачници и коментари од областа на ревизијата, изработка на научни трудови;
- Развивање на студиски програми и модули за обуки за локална самоуправа;
- Изработка на заеднички проекти за истражување;
- Соработка со цел поврзување и приближување на теоријата со праксата за потребите на студентите.