dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Состанок на ДЗР со претставниците на Светската банка

19.02.2020
Слика
Двете делегации за време на средбата

Делегација на Државниот завод за ревизија на барање на Светската банка, одржа работна средба со претставниците на мисијата на Светска банка. Мисијата на Светска банка во државата реализира активности во насока на обезбедувањето на техничка помош на екосистемот за иновации и конкурентност во Република Северна Македонија.

На барање на претставниците на Светската банка, беа информирани и запознаени за мандатот, надлежноста и постапувањето на ДЗР,  односно за начинот на спроведувањето на ревизии на владината програма за поддршка на мали и средни претпријатија.

Делегацијата на Државниот завод за ревизија укажа на фактот дека изминатите години, преку различни ревизии направени во повеќе субјекти, постојано  укажува за одредени состојби кои меѓу другото се однесуваат и на  обезбедувањето експертска и институционална помош на малите и средни претпријатија.

Исто така, беа презентирани и дел од утврдените состојби од ревизиите на регуларност и ревизиите на успешност, нотирани во конечните ревизорски извештаи за програмите и активностите за развој на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија. Притоа беше истакнато дека е неопходно воспоставување на рамномерен регионален развој.

Државниот завод за ревизија продолжува континуирано да ја следи имплементацијата на дадените препораки до субјектите предмет на ревизија, коишто пак се должни согласно закон да достават Известување за преземени мерки по препораки од овластен државен ревизор содржани во конечниот ревизорски извештај.