ДЗР и НДИ разговараа за надзорната улога на собранието

Одлука за начинот на уплата на средства на сметката за донација на Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од вирусот Корона COVID – 19

повеќе
Пон, 03.02.2020 - 14:04
Image
Разговори меѓу претставниците на ДЗР и НДИ

Во рамките на своите бројни активности и предвидени работни средби со претставници на државни институции, организации и национални институти, Главниот државен ревизор г. Максим Ацевски заедно со својот тим на соработници, се сретна со претставниците на Националниот демократски институт во Република Северна Македонија, г. Роберт Скот Хејзлет, Заменик Директор и г-ѓа Лидија Стојкова Зафировска, Виш програмски менаџер на НДИ.

Националниот демократски институт (НДИ) спроведува Програма за поддршка на Собранието на Република Северна Македонија, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), која официјално започна со активности во текот на 2019 година. Програмата се фокусира на повеќе сегменти од работата на Собранието на РСМ и има за цел да се зајакне надзорната улога на парламентот, покрај законодавната и претставничката.

Имајќи предвид дека извештаите и наодите на Државниот завод за ревизија како Врховно ревизорско тело се едни од најрелевантните документи преку кои државата врши независна контрола над трошењето на јавните средства, Националниот демократски институт ја потенцира улогата на Собранието за потребата од нивно критичко разгледување и преземање конкретни активности во врска со истите.

Претставниците на Националниот демократски институт изразија задоволство што во понатамошниот период ќе имаат можност преку заеднички активности коишто се од интерес и за Државниот завод за ревизија, да придонесат за подобрување и зајакнување на соработката и комуникацијата помеѓу Државниот завод за ревизија и Собранието на Република Северна Македонија, особено во делот на разбирање и обработка на конечните ревизорски извештаи.