Во периодот од 24 до 25 јули 2025 година, Државниот завод за ревизија беше домаќин на делегацијата на Националната канцеларија за ревизија на Косово, предводена од г-ѓа Влора Спанца, Главен државен ревизор.
Во рамки на дводневната работна посета се одржаа презентации на тема содржина и визуелизација на Годишниот извештај на Државниот завод за ревизија и ревизија на средства од фондовите на Европската унија, при што беа разменети искуства, практики и предизвици поврзани со подготовката на годишните извештаи, транспарентноста, користењето на податоци и визуелни алатки за комуникација со јавноста, како и со методологијата за ревизија на средства од ЕУ.
Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски, ја истакна важноста на регионалната соработка и континуираната размена на знаења меѓу врховните ревизорски институции, со цел зајакнување на ревизорските капацитети, транспарентноста и влијанието на ревизиите во јавниот сектор.
Од друга страна, г-ѓа Влора Спанца, Главниот државен ревизор на Косово ја нагласи важноста на отвореноста и подготвеноста на Државниот завод за ревизија да сподели добри практики и иновативни пристапи во ревизијата. Посетата беше оценета како значаен чекор кон градење на одржливо партнерство и заедничко учење, што ќе придонесе за унапредување на ревизорската функција и на национално и на регионално ниво.
Посетата претставуваше одлична можност за продлабочување на билатералната соработка меѓу двете институции и за иницирање на нови форми на професионална размена и заеднички активности во иднина.