Државниот завод за ревизија согласно Годишната програма за работа за 2024 година и член 85 од Изборниот законик, изврши финансиска ревизија заедно со ревизија на усогласеност на вкупните финансиски извештаи на сметките „за изборна кампања“ на сите учесници на Парламентарните избори во 2024 година.
Со ревизија беа опфатени вкупните финансиски извештаи на трансакциските сметки „за изборна кампања“ на:
- Коалиција „За Европска иднина“ предводена од СДСМ;
- Коалиција ,,Твоја Македонија’’ предводена од ВМРО - ДПМНЕ; Коалиција „Храбро за Македонија“ предводена од Граѓанска опција за Македонија - ГРОМ;
- Коалиција ,,Европски фронт’’ предводена од ДУИ;
- ПП ЛЕВИЦА;
- Коалиција ВЛЕН предводена од Алтернатива;
- Движење ЗНАМ – За Наша Македонија; Единствена Македонија;
- ПП Нова Алтернатива Скопје;
- ПП АВАЈА;
- Европско Граѓанско Движење;
- Македонска Ера Трета/Македонски независни листи;
- Твоја Партија;
- Родина Македонија;
- ПП ДЕСНА;
- ПП ДЕМОКРАТИ Скопје и
- Работничка партија.
За секој од учесниците во изборната кампања е изготвен посебен ревизорски извештај во кој е изразено мислење за вкупниот финансиски извештај и за усогласеноста со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики.