dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Постапка за внесување на содржината на соопштението

Во ново отворениот прозорец "Креирај Соопштение" ги пополнуваме полињата на следниот начин:

  1. Внесуваме "Наслов" на објавата (Соопштението)
  2. Кликнуваме на јазичето во полето "КАТЕГОРИЈА" и одбираме "Односи со јавност". Ова поле е задолжително
  3. Кликнуваме еднаш на "Промени уводен текст" за да додадеме краток опис (excerpt) на објавата (Соопштението). Tоа текстот што се појавува на насловната страна како краток опис за секое соопштение.
  4. Овде се внесува содржината на објавата (Соопштението)
  5. За да поставиме насловна слика, со кликнувње на копчето "Choose files", се отвара нов прозорец за избор, од каде што ја одбираме сликата што сакаме да ја поставиме како насловна. 
    - Се препорачува сликите да бидат кропирани во 16:9 формат со димензии 960 x 540 пиксели.
  6. Го внесуваме датумот и часот на објавата (доколку не внесете датум и час, автоматски го зема тековниот датум и час).

 

    1. Овде внесуваме ознаки (тагови) одделени со запирка, доколку ги има.
    2. Во полето за видео се внесува линк (веб адреса до видеото), на пример: https://www.youtube.com/watch?v=KbFz0Hi2xxA
    3. За прикачување на документ кон соопштението, кликнуваме на копчето "Choose files", се отвара нов прозорец за избор, од каде што го одбираме документот кој сакаме да го прикачиме.
    4. За да внесеме врска (линк) до некоја содржина,во полето "URL веб адреса" внесуваме адреса а во полето "Опис на врската" го внесуваме називот на врската, на пример: 
      URL веб адреса: https://google.com
      Опис на врската: Google интернет пребарувач
    5. Доколку имаме повеќе слики и сакаме да ги објавиме како галерија кон соопштението,со кликнувње на копчето "Choose files", се отвара нов прозорец за избор, од каде што ги одбираме сите слики што треба да се појават во галеријата.

     

     

      Откако ќе ги пополниме сите полиња, за да го објавиме соопштението потребно е да го одбележиме полето "Објавено" и кликнуваме на копчето "Објавено".  Доколку не е одбележано полето "Објавено", содржината ќе постои но нема да биде видлива за ненајавени корисници.

       

       Внесување превод на соопштение