Откако ќе го објавиме соопштението, од менито за избор, кликнуваме на "Содржина" во горниот лев агол на страницата

потоа од листата на содржини го одбираме соопштението за кое сакаме да внесеме превод и на десната страна кликнуваме на јазичето на копчето "Промени" и ја одбираме опцијата "Преведи"

Во ново отворениот прозорец ќе го видиме оригиналниот јазик на кој е објавено соопштението и јазиците за кои можеме да внесеме превод. Го одбираме јазикот на кој сакаме да додадеме превод со кликање на копчето "Додај".

Следно, се отвара нов прозорец каде што се внесува преводот. За да бидеме сигурни дека се наоѓаме на вистинското место најгоре на страната треба да пишува "Create SQ translation of...." или "Create EN translation of...." во зависност од јазикот кој сме го одбрале.

Понатаму постапката за внесување е иста, само ги повторуваме чекорите за креирање на соопштение.