dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Презентиран Годишниот извештај за 2021 година пред пратениците

17.03.2023
Слика
Prezentacija_GI_2021_Sobranie

На 14 март 2023 година, на 79. пленарна седница во Собранието на Република Северна Македонија Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски го презентираше Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на ДЗР за 2021 година .

Главниот државен ревизор во своето експозе потенцираше дека и покрај потешкотиите и предизвиците предизвикани од глобалната пандемија од Covid-19 во 2021 година, сепак, благодарение на добро воспоставениот систем на работа и обезбедените технички услови за непречено извршување на работата, ДЗР успешно ја реализираше својата програма и резултатите ги сумираше во Годишниот извештај за 2021 година.

Пред пратениците во Собранието, Главниот државен ревизор упати порака дека мисија на секоја врховна ревизорска институција е да придонесе за здраво финансиско управување со јавните средства и водење грижа за јавните финансии преку давање на јасни и ефективни препораки до субјектите предмет на ревизија, што всушност претставува основна мисија и визија на ДЗР.

Во Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија се содржани вкупно 1.170 утврдени состојби, 654 препораки за надминување на констатираните состојби од вкупно 109 издадени конечни ревизорски извештаи.

На крајот на своето обраќање, Главниот државен ревизор истакна дека согледувајќи ги резултатите од работењето на ДЗР и придонесот во општеството, силно верува дека новиот Закон за државна ревизија ќе биде донесен во следниот период и истовремено ќе се обезбеди и конституирање на ДЗР во Уставот како врховна ревизорска институција.

 

Линк од експозето на Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски:

https://www.youtube.com/watch?v=a7YbGJpzhoc