dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Главен државен ревизор


Максим Ацевски

 

Адреса:
Државен завод за ревизија
ул. Павел Шатев бр. 2
Палата „Емануел Чучков“
1000 Скопје
Република Северна Македонија


Телефон:
Тел: + 389 2 3211 262

Е-пошта:
[email protected]
 

Максим Ацевски

Со одлука донесена на 12.12.2019 година од страна на Собранието на Република Северна Македонија е избран за Главен државен ревизор со мандат од 9 години. Роден е на 29.02.1964 година во Велес.

 

Образование: 

Дипломирал во 1987 година на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрирал на истиот универзитет на тема “Улогата на внатрешната ревизија и интерната контрола во подобрување на работењето на единиците на локална самоуправа” со просек 9.40. 

 

Професионално искуство:

Својот професионален ангажман го започнува во 1988 година, одма по дипломирањето, како раководител за буџетски работи во Општина Велес, за да во 1990 година премине во подрачната единица во Велес на Министерството за финансии во секторот за управување со буџет. Својата ревизорска кариера ја започнува во 2001 година во Државниот завод за ревизија како виш ревизор, а во 2005 година е назначен на местото помошник главен државен ревизор со веќе стекнат сертификат на овластен државен ревизор. Во октомври 2019 година станува координатор за административни и правни работи во Агенција за супервизија на осигурувањето.

Во текот на годините во својата професионална надградба се стекнува со сертификати на овластен државен ревизор, овластен сметководител, сертифициран истражувач на измами, вештак, проценител на побарувања и обврски како и проценител на капитал и други.

Учествувал на многу конференции и семинари, држел предавања и учествувал во различни проекти од областа на ревизија, сметководство, јавно буџетирање, контрола и проценка на ризик во единиците на локалната самоуправа, администрација на локални даноци и такси и слично.

Истовремено е автор и коавтор на голем број на стручни публикации од областа. 

19.12.2019