dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Предавање на Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски пред студентите на Економскиот факултет во Прилеп

24.12.2025

Денес, на покана на проф. д-р Пеце Николовски, Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски, одржа предавање пред студентите на Економскиот факултет во Прилеп, на кое беа опфатени повеќе значајни области од економската наука – банкарство, ревизија и сметководство

Во рамки на предавањето, Главниот државен ревизор ја презентираше улогата и значењето на Државниот завод за ревизија во системот на јавни финансии, со посебен осврт на надлежностите, видовите ревизии и придонесот на институцијата во унапредувањето на јавната отчетност, транспарентноста и довербата во институциите.

Студентите имаа можност да се запознаат со практичните аспекти на ревизорската и сметководствената професија, поврзаноста помеѓу банкарскиот сектор и јавните финансии, како и со процесот на изработка на ревизорските извештаи. Присутните активно учествуваа со прашања и дискусија поврзана со професионалниот развој и кариерните можности во овие области.

Главниот државен ревизор ја истакна важноста на континуираното образование и практичната обука на младите кадри, нагласувајќи дека соработката меѓу академската заедница и институциите е клучна за развојот и јакнењето на ревизорската професија.

Во рамки на активностите и предавањето на Економскиот факултет во Прилеп, главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски оствари работна средба со деканката и продеканката за меѓународна соработка.

Државниот завод за ревизија останува отворен за унапредување на соработката со високообразовните институции и поддршка на иницијативи кои овозможуваат поврзување на теоријата и практиката, со цел подготовка на квалитетни и одговорни идни економски и ревизорски професионалци.