dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Повик до засегнатите страни за поднесување барања за ревизија за Годишната програма за работа на ДЗР за 2026 година

17.11.2025

Државниот завод за ревизија започна со активности за подготовка на Годишната програма за работа за 2026 година и ги повикува сите засегнати страни да достават барања и предлози за субјекти и области од јавен интерес кои сметаат дека треба да бидат опфатени во програмата.

Годишната програма за работа на ДЗР за 2026 година ќе биде доставена до Собранието на Република Северна Македонија најдоцна до крајот на месец декември, заради информирање.

При утврдувањето на приоритетите, ДЗР ги почитува критериумите уредени согласно професионалните стандарди на ИНТОСАИ, Целите за одржлив развој на ОН, Националната развојна стратегија 2024–2044, како и стратешките определби утврдени во Стратешкиот план за ревизија 2024–2027.

Како општествено одговорна институција, ДЗР е препознатлива по високото ниво на транспарентност, професионалност и интегритет, и останува посветена на унапредување на одговорното и отчетно управување во јавниот сектор.

Краен рок за доставување: 1 декември 2025 година

Барањата можат да се достават:
• Во писмена форма на адреса: ул. „Павел Шатев“ бр. 2, Палата „Емануел Чучков“
• Електронски преку веб-формуларот:
https://dzr.mk/contact/barane_za_revizija