dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Ревизии на регуларност и ревизии на политички партии и изборни кампањи

05.03.2025

Процесот на планирање на ревизијата на регуларност, фазата на извршување преку користењето на избор на примерок, директни тестирања и оценка за резултатите од ревизорските активности, начинот на известување на резултатите од ревизијата за регуларност, со посебен осврт на ревизиите на политичките партии и изборните кампањи, како и најчестите утврдени состојби во ревизиите на изборните кампањи и политичките партии се во фокусот на денешната едукација за државните ревизори.

Настанот беше организиран со поддршка на Швајцарската програма за поддршка на изборите а спроведена од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во нашата држава.

Предавачи на денешната едукација се г-ѓа Лилјана Стојанова, советник на главниот државен ревизор и г-ѓа Катерина Чаловска Алексовска, помошник на главниот државен ревизор кои преку практични примери го пренесоа своето ревизорско знаење и искуство на колегите државни ревизори, оставајќи можност за плодни дискусии и размена на мислења.

Државниот завод за ревизија како Врховна ревизорска институција во државата во континуитет врши ревизии на финансиското работење на политичките партии, како и ревизија и на политичките субјекти учесници во изборните кампањи во државата.

Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) преку својата канцеларија во Скопје од 2016 година обезбедува техничка и логистичка поддршка на организации и институции за градење на нивните капацитети.