dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Потпишан меморандум за соработка - нови можности за развој на високото образование и државната ревизија

04.11.2024

На ден 01.11.2024 година, во просториите на Државниот завод за ревизија, беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за ревизија, Министерството за образование и наука и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Овој меморандум претставува нова етапа во развојот и иновациите во високото образование и државната ревизија.

Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски, заедно со проф. д-р Весна Јаневска, министерка за образование и наука, и проф. д-р Биљана Ангелова, ректорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ја изразија својата посветеност кон создавање на долготрајно партнерство, основано на доверба и разбирање.

Целта на соработката е зајакнување на меѓусебната координација и развој на платформа за размена на искуства и знаења, што е клучно за напредокот на високото образование и општествениот интерес.

„Со заеднички напори можеме да развиеме иновативни решенија и да ги подготвиме нашите студенти за реалните предизвици во јавниот сектор, со цел да создадеме контролно опкружување што ќе овозможи поефективно управување со ресурсите и подобрена услуга за граѓаните“, истакна г. Ацевски. Тој додаде дека ова партнерство ќе овозможи значајна размена на искуства и знаења, што е од витално значење за развојот на професијата и општеството во целина.

Со меморандумот, страните се обврзаа на активна размена на професионални искуства и добри практики во областа на ревизијата. Имплементацијата на практична настава за студентите и организирањето на едукативни настани и специјализирани обуки се дел од амбициозните планови што ги содржи меморандумот и се користи за правните субјекти потписници на овој меморандум.

Овој меморандум е значаен чекор напред во подобрувањето на квалитетот на образованието и ефикасноста на јавните институции, како и зголемувањето на знаењата и вештините на државните ревизори.

Линк до содржината на Меморандумот за соработка:
https://dzr.mk/sites/default/files/dzr/doc/Memorandum_sorabotka_DZR_ME_…