dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Размена на искуствени практики во спроведувањето на финансискиот надзор

26.09.2024

Денес, во просториите на Државниот завод за ревизија беше организираше работилница за размена на искуства и практики во постапувањето помеѓу Врховните ревизорски институции на Република Северна Македонија и Република Швајцарија и секретаријатот на Собранието и швајцарските парламентарни служби, со поддршка на Националниот демократски институт (НДИ) во рамки на Програмата за парламентарна поддршка, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).

Имајќи предвид дека извештаите и утврдените состојби на Врховните ревизорска институција се најрелевантните документи преку кои државата врши независна контрола над трошењето на јавните средства, беше потенцира улогата на законодавниот дом за потребата од нивно критичко разгледување и преземање конкретни активности и мерки во врска со истите.

Работилницата со воведни обраќања ја отворија Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Претседателот на Врховната ревизорска институција на Република Швајцарија м-р Паскал Штирниман кои се осврнаа на досегашната соработка на Врховните ревизорски институции со парламентот и парламентарните служби, како и за воспоставените практики на разгледување и дискутирање по конечните ревизорски извештаи во рамки на собраниските тела.

На работилницата учесниците преку презентации и дискусии ги споделуваа досегашните искуства во комуникацијата и соработката помеѓу Врховните ревизорски институции и собраниските служби, во насока на обезбедување ефикасно контролно опкружување.