dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Годишниот извештај за работата на ДЗР за 2023 година презентиран во Собранието на Република Северна Македонија

20.09.2024

На ден 12.09.2024 година, на четиринаесеттата седница на Собранието на Република Северна Македонија, беше разгледан и усвоен Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на ДЗР за 2023 година и беа усвоени заклучоци  по истиот.

Во своето експозе пред пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, Главниот државен ревизор го презентираше Годишниот извештај на ДЗР за 2023 година, во кој се елаборирани и содржани податоци за извршени вкупно 66 ревизии, од кои се издадени 100 ревизорски извештаи, опфатени 140 субјекти предмет на ревизија и утврдени 957 состојби.

Исто така, Главниот државен ревизор потенцираше дека Државниот завод за ревизија постапувајќи согласно меѓународните стандарди на ИНТОСАИ во делот на она што значи правење разлика за животот на граѓаните, како Врховна ревизорска институција примени и утврди повеќе од 18 индикатори кои претставуваат мерлив показател за работењето на институцијата.

На крајот од своето експозе, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски изрази загриженост ако се земе предвид податокот дека 46% од дадените заклучоци и мислења од Државниот завод за ревизија се неповолни во однос на финансиските извештаи за работењето на субјектите од јавниот сектор.

Претходно, на ден 06.09.2024 година, г. Ацевски го презентираше Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2023 година и на третата седница на Комисијата за финансирање и буџет.