dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Зајакнување на соработка меѓу Државниот завод за ревизија и Врховната ревизорска институција на Република Чешка

16.09.2024

Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски оствари официјална средба со г. Мирослав Кала, Претседател на Врховната ревизорска институција на Република Чешка.

На билатералниот состанок, кој се одржа во духот на взаемно разбирање и поддршка, двете институции презентираа за нивниот развој, успесите, како и предизвиците со кои се соочуваат, а воедно се разгледаа и теми од заеднички интерес со цел продлабочување на соработката.

Во фокус на дискусијата беше разгледувањето на можностите за дополнително ангажирање и учество на Државниот завод за ревизија во работните групи и иницијативи на ЕУРОСАИ, каде ВРИ на Република Чешка веќе има значителен придонес, искуството на чешките колеги во спроведување на ревизорските активности во рамките на ЕУРОСАИ, со фокус на иновативни методи и пристапи, како и размена на експертски тимови за да се овозможи подобра поддршка на клучните области на ревизија.

Во рамките на посетата, г. Ацевски и г. Кала остварија работна средба со Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Африм Гаши, на која беа разгледани позитивните практики на земјите членки на Европската Унија и можностите за унапредување на соработката.

Оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на билатералната соработка меѓу двете институции и ќе придонесе за подобрување на ревизорските практики, зголемување на транспарентноста и отчетноста во јавните институции.