dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

ДЗР на прв состанок за креирање на Инвестициската мапа од Националната развојна стратегија 2024-2044

16.09.2024

Државниот завод за ревизија, претставуван од главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, зеде активно учество на првиот состанок на советодавното тело за процесот на креирање на Инвестициската мапа. Овој проект претставува нова фаза од Националната развојна стратегија (2024-2044) и се реализира со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Формулирањето на Инвестициската мапа е од клучно значење за идентификација на приоритетните сектори и можностите за инвестирање, во согласност со целите за одржлив развој и стратегиските приоритети на земјата. Инвестициската мапа ќе ги опфати следните шест стратешки области:

  • Одржлива, иновативна и конкурентна економија
  • Одржлив локален и регионален развој кој обезбедува кохезија
  • Демографска ревитализација и социјален и културен развој
  • Владеење на правото и добро управување
  • Сигурно, безбедно и отпорно општество
  • Зелена трансформација

Проектот има за цел да овозможи подобро следење на инвестициите и остварување на целите на Националната развојна стратегија, со фокус на одржливоста и долгорочниот развој на државата.

Преку оваа иницијатива, ќе се создаде појасна слика за клучните сектори кои ќе ја водат државата кон одржлив раст и развој. Учеството на Државниот завод за ревизија во овој процес е од витално значење, бидејќи институцијата ќе обезбеди стручна ревизорска поддршка за следење на реализацијата на овие значајни проекти.