Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски оствари работна средба со г-ѓа Весна Ивановиќ Кастаред, Раководител на Канцеларијата на UN Women во нашата држава.
На остварената работна средба, двајцата соговорници се осврнаа на досегашната успешна соработка и дискутираа за идните заеднички активности меѓу ДЗР и Телото на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените - UN Women за вклучување на родовата перспектива во извршувањето на ревизиите.
Државниот завод за ревизија во соработка и со поддршка на UN Women настојува во континуитет да обезбеди видливост на политиките кои треба да придонесат за остварување и имплементација на Целта за одржлив развој број 5 – Родова еднаквост.
Државниот завод за ревизија претставува сериозен и кредибилен партнер на UN Women во промовирањето на родовата ревизија и вклучување на родовите аспекти во главните политики.