dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

ДЗР домаќин на промотивен настан за имплементација на целите за одржлив развој до 2030 година

22.05.2024

Државниот завод за ревизија домаќин на промотивен настан по повод презентирањето на резултатите од извршената паралелната ревизија на успешност на тема „Подготвеност на Република Северна Македонија и Република Србија за спроведување на целите за одржлив развој до 2030 година“, беше домаќин на промотивен настан во кој учествуваа претставници од Врховните ревизорски институции на Република Србија и Република Словачка, поддржан од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

На настанот Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски, изрази благодарност кон присутните и претставниците на врховните ревизорски институции кои воедно покажаа активна улога и извонредна работа во рамките на оваа паралелна ревизија.

Во своето излагање, Главниот државен ревизор ја истакна значајноста на учеството во паралелни ревизии со другите врховни ревизорски институции како еден од главните приоритети на Државниот завод за ревизија, и како начин за постојано професионално зајакнување на ревизорските вештини и подобрување на квалитетот на ревизорскиот процес.

Свои воведни обраќања исто така имаа и Н.Е. г-дин Хенрик Маркуш, амбасадор на Република Словачка, г-дин Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП, г-дин Душко Пејовиќ, претседател и генерален државен ревизор на Државна ревизорска институција на Република Србија и г-дин Љубомир Андраши, претседател на Врховната канцеларија за ревизија на Република Словачка.

Заеднички акцент од нивното обраќање беше значењето на унапредувањето на соработката помеѓу различните институции и земји како основен елемент за постигнување на заедничките цели, истакнувајќи ја важноста на размената на искуства, знаења и ресурси во областа на ревизијата. Овие обраќања ја поддржаа атмосферата на взаемно разбирање и споделување на идеи помеѓу учесниците, создавајќи платформа за продолжување на конструктивната и плодотворна соработка и во иднина.

Преку презентациите на учесниците, беа пренесени предизвиците и различните  перспективи за истражување на начините за подобрување на подготвеноста за постигнување на целите на оваа значајна развојна агенда.

Настанот беше идеална платформа за размена на искуства и најдобри практики помеѓу учесниците. Споделувањето на искуства создаде инспирација и поттик за продолжување со активни напори во поддршка на одржливи развојни иницијативи.

 

Линкови од Конечниот ревизорски извештај за извршената ревизија на успешност:

https://dzr.mk/sites/default/files/2024-05/nastan/2_Revizorski_izvestaj_Podgotvenost_RSM_implementacija_SDGS_2030_MK.pdf  (македонски јазик)

https://dzr.mk/sites/default/files/2024-05/nastan/2_Audit_report_Preparedness_Republic_of_North_Macedonia_for_implementation_SDG_until_2030_EN.pdf (англиски јазик)

Линкови од Заедничкиот извештај од паралелната ревизија на успешност:

https://dzr.mk/sites/default/files/2024-05/nastan/3_Zaednicki_izvestaj_Podgotvenost_implementacija_COR_2030_MK.pdf (македонски јазик)

https://dzr.mk/sites/default/files/2024-05/nastan/3_Joint_report_Preparedness_of_the_countries_implementation_SDG_until_2030_EN.pdf (англиски јазик)