dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Конференција во Црна Гора за ревизии на државниот буџет

29.02.2024

Во периодот 27-29.02.2024 година, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, Помошник раководителот на ревизија Билјана Стојановска и претставник од Министерството за финансии учествуваат на Конференција на мрежата на Врховни ревизорски институции на земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската Унија, на тема „Ревизија на завршната сметка на државниот буџет“, во Будва, Црна Гора.

Во панел дискусијата на тема „Максимизирање на ефикасноста и придобивките од ревизијата на државниот буџет“, Главниот државен ревизор го презентираше и сподели искуството на Државниот завод за ревизија во спроведувањето на ревизијата на Буџетот на РСМ, притоа осврнувајќи се на клучните утврдени состојби и комуникацијата со засегнатите страни.

Во рамки на активностите на Конференцијата, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Претседателот на Сенатот г. Никола Ковачевиќ потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за ревизија и Државната ревизорска институција на Црна Гора.

Заедничката соработка во иднина предвидува бројни активности помеѓу двете ревизорски институции, меѓу кои и организирање на настани, професионални обуки за ревизорите, спроведување на паралелни и заеднички ревизии и останати теми и области од заеднички интерес.

Линк до содржината на Меморандумот за соработка:

https://dzr.mk/sites/default/files/dzr/doc/Memorandum_sorabotka_DZR_VRI…