dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Потпишан Меморандум за соработка со Министерство за здравство

11.01.2024

Денес, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на меѓусебната соработка во областите кои се од заеднички интерес за двете институции.

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка се предвидува редовна комуникација и размена на податоци од областа на здравството, како и изработка на модул за извештаи од работата на здравствените установи во рамките на Националниот систем за електронска евиденција во здравството за потребите на Државниот завод за ревизија.

Линк до содржината на Меморандумот за соработка:
https://dzr.mk/sites/default/files/2024-01/Memorandum_sorabotka_DZR_MZ.pdf