dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Потпишан Меморандум за разбирање со UN Women

04.12.2023

На ден 04.12.2023 година, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски одржа работна средба со претставниците на Телото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените – UN Women, г-ѓа  Ивона Паунович – Бишевац, национална координаторка на програмата за родово одговорно буџетирање на UN Women и г. Иван Вчков, проектен координатор на UN Women.          


На работната средба, Главниот државен ревизор го потпиша Меморандумот за разбирање помеѓу Државниот завод за ревизија и Телото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајaкнување на жените – UN Women, и се дискутираа идните активности како резултат на досегашната успешна соработка помеѓу ДЗР и UN Women.


Со потпишаниот Меморандум за разбирање се предвидуваат повеќе области на заедничка соработка и тоа:

 

  • Унапредување во спроведувањето на обврските за родова еднаквост во согласност со националните закони и политики;
  • Промовирање на родово одговорно управување со јавните средства и зајакнување на отчетноста на користењето на јавните средства за родова еднаквост; и
  • Унапредување на капацитетите на ДЗР во спроведувањето на ревизиите на успешност во областа на родовата еднаквост и вклучување на родовата перспектива во ревизорските практики.