dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Обука за ревизија на успешност - Value for money

20.11.2023

Во периодот 20-21 ноември 2023 година, со цел зголемување на знаењата и вештините на вработените во Државниот завод за ревизија, се одржува дополнителна едукација за ревизија на успешност – Value for money, со поддршка на  Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Едукацијата ја спроведе меѓународниот експерт од Република Словачка, г. Матеј Куриан кој во текот на дводневната едукација се осврна на повеќе теми и области поврзани со спроведувањето на ревизијата на успешност – Value for money, пренесувајќи го искуството во вршењето на ревизијата за вредноста на парите од Република Словачка.

Во своето воведно обраќање, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски заблагодарувајќи се на поддршката од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) особено во делот на едукација и зголемување на знаењата и вештините на вработените од ДЗР, ги потенцираше очекувањата од дводневната едукација која ќе придонесе за дополнителна едукација на овластените државни ревизори.

Во своето воведно обраќање, г-ѓа Маја Стојаноска, претставник на УНДП рефлектираше на досегашната успешна спработка на УНДП со Државниот завод за ревизија и особено го потенцираше значењето на ревизијата на успешност – Value for money како нова област за соработка, но и значењето на словачката експертиза и добри практики пренесени од страна на експертот Матеј Куриан.