dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Потпишан Меморандум со ВРИ на Република Полска

26.10.2023

Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски, придружуван од неговите соработници оствари билатерална средба со Претседателот на Врховната канцеларија за ревизија на Република Полска, г. Марјан Банаш.

На билатералната средбата, Главниот државен ревизор, г. Ацевски беше пречекан од претседателот на ВРИ на Република Полска, г. Марјан Банаш, кој го изрази своето задоволство, како и уверувањето дека со натамошното зајакнување на соработката меѓу двете врховни ревизорски институции и размената на добри ревизорски практики, ќе се придонесе за поголема економичност, ефикасност и ефективност во користењето на јавните средства и во создавањето на ефективна контролна средина.

Главниот државен ревизор, во оваа прилика заблагодарувајќи за срдечниот прием ја истакна воедно и желбата и довербата за продлабочување на меѓуинституционалната соработка, особено осврнувајќи се на можноста за спроведување на peer-review на работењето на Државниот завод за ревизија, активното учество во работните групи на EUROSAI и INTOSAI, како и спроведување на заеднички/паралелни ревизии и организирање на заеднички настани и обуки од взаемен интерес за двете врховни ревизорски институции.

Обостраното задоволство и заложбите за континуирана професионална и техничка соработка за зајакнување на професионалните капацитети и да се промовира отчетна и ефективна надворешна ревизија, се преточени во содржината на потпишаниот Меморандум за соработка меѓу двете Врховни ревизорски институции.

Претставниците на двете институции со потпишувањето на Меморандумот се согласни да ги направат сите неопходни подготовки за успешна имплементација на активностите определени во него и да одржуваат отворена и ефективна комуникација за сите прашања во врска со активностите од заеднички интерес.

Линк до потпишаниот Меморандум за соработка:

https://dzr.mk/sites/default/files/2023-10/Memorandum_sorabotka_DZR_VRI_Polska_25_10_2023_mkd.pdf