dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Интензивирање на соработката со Турскиот суд за ревизија

13.10.2023

Во духот на досегашната соработка и потпишаниот Анекс на договорот за соработка, во јули 2023 година, Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски беше домаќин на билатерална средба со Претседателот на Судот за ревизија на Р. Турција, г. Метин Јенир и неговата делегација.

Фокусот на ова билатерална средба беше интензивирање на соработката меѓу двете институции со цел понатамошно унапредување на надворешната ревизија, а со тоа и подобрување на управувањето со јавните средства.

Претставниците од двете Врховни ревизорски институции се заложија пријателските односи помеѓу двете земји, да се рефлектираат и да се интензивираат и во меѓусебната идна соработка од взаемен интерес со цел професионален развој на капацитетите на двете институции и размена на искуства и добри практики.

Во ова прилика, Главниот државен ревизор, г. Ацевски, ги презентираше резултатите од работата на Државниот завод за ревизија, особено осврнувајќи се на комуникацијата и соработката на институцијата со засегнатите страни, а воедно го изрази и своето очекување за поддршка од неговиот турски колега, г. Јенир, како главен поддржувач и заштитник на интересите на ДЗР во сите меѓународни процеси кои се во одвиваат на ниво на Меѓународната организација на ревизорски институции.

Од друга страна, г. Јенир, изразувајќи благодарност пред се за покажаната сензибилност и солидарност на ДЗР за разорниот земјотрес што ги погоди граѓаните на Република Турција и задоволството од интензивирањето на соработката, посебен осврт даде на заложбата за развој и усовршување на стандардите за контрола на квалитет, придобивките од технолошкиот развој и употребата на вештачката интелигенција во ревизиите, а со тоа и целосна дигитална трансформација во иднина.

Двете институции покажа подготвеност за меѓународна соработка од заеднички интерес, особено на полето на спроведувањето на ревизиите на Целите за одржлив развој (ЦОР), односно од областа на климатските промени, сигурност при снабдување со храна, зелена и сива економија, итн.

Заедничка идеа и заложба и на двајцата претставници на Врховните ревизорски институции е преземањето на конкретни активности за воспоставување на темелите на Регионален едукативен центар, чија цел ќе биде размена на знаења и добри практики, а не натпревар меѓу врховните ревизорски институции.