dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Интензивирање на активностите и соработката со НАО

06.10.2023

Државниот завод за ревизија и Националната ревизорска институција на Велика Британија (НАО) започнаа со конкретни активности за интензивирање и продлабочување на соработката и комуникацијата преку дефинирање на план за реализирање на активности за подготовка на методологија/упатство за Value for Money (VfM) – „вредност за парите“.

Поддршката за воспоставување на методологија/упатство за воведување на нова ревизорска методологија за Value for Money (VfM) за ДЗР беше иницирана на работната посета на менаџерскиот тим на ДЗР во Националната ревизорска институција (NAO) и Парламентот на Велика Британија во месец април 2023 година.

На денешната работна средба, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми заедно со своите соработници беа домаќини на Раководителот на секторот за меѓународна соработка на Националната ревизорска институција на Велика Британија, г. Енди Фишер, на која се дискутираше планот за заедничките активности на двете Врховни ревизорски институции кои треба да резултираат со развивање на методологија и поддршка на Државниот завод за ревизија за примена на оваа методологија во својата работа и практика.

Активноста се реализира со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер во државата (WFD) преку програмата „Демократијата функционира“ поддржана од Британската амбасада во Скопје, која активно ја поддржува работата на Државниот завод за ревизија.