dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

8 септември - Ден на независноста

08.09.2023

По повод одбележувањето на 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, во име на Државниот завод за ревизија, упатуваме искрени честитки до сите граѓани.

Во ова прилика, Главниот државен ревизор Максим Ацевски, почитувајќи ја пожртвуваноста и делото на многу генерации водени од идеалот за слободна, суверена и независна држава, повикува на издигнување на фундаменталните вредности на државата на највисоките пиедестали, работејќи професионално, одговорно, отчетно и посветено со цел за подобра и посветла иднина за идните генерации.

Нека ни е честит Денот на независноста на Република Северна Македонија!