dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Работна средба на ГДР со амбасадорката на Швајцарија

07.06.2023
Слика
Насловна

Во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски оствари работна средба со амбасадорка на Швајцарија во државата Н.Е Вероник Хулман.

Главниот државен ревизор информираше за целокупните активности и постигнатите резултати во работата и промоцијата на улогата на Државниот завод за ревизија, напорите за да се операционализира функционалната, организациската и финансиската независност на ДЗР во системот на институции од јавниот сектор, а воедно се заблагодари и за поддршката на Швајцарската амбасада при издавањето на Упатство ревизија на родова еднаквост.

Амбасадорката, поздравувајќи ја работата на Државниот завод за ревизија и постигнатите резултати, изрази подготвеност преку проекти и програми во иднина, да ја афирмира и промовира значајната улогата на ДЗР и додадената вредност од вршењето на државната ревизија, со посебен акцент на активностите за превенција на корупцијата на локално ниво, со цел менување на перцепцијата и зголемување на довербата на јавноста кон јавните институции.

Главниот државен ревизор ја истакна подготвеноста и очекувањата за продлабочување и отворање на нови можности за успешната соработка во наредниот период.