dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Едукација на државните ревизори

22.05.2023
Слика
Едукација за државните ревизори

Во периодот 17-19 мај, во Охрид, се одржа едукација за државните ревизори согласно Годишниот план за континуирано професионално усовршување и обуки на ДЗР за 2023 година.

Обуката за континуирано професионално усовршување ја отвори со воведно обраќање Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски кој уште еднаш ја потенцираше стратешката определба на Државниот завод за ревизија во континуитет да вложува во продлабочување и зајакнување на знаењата и вештините на државните ревизори.

Едукацијата ја одржуваа искусните и добро познати експерти, меѓународниот консултант од Република Хрватска, проф. Борис Тушек и проф. Атанаско Атанасовски од Економскиот факултет - катедра за сметководство и ревизија. Предавачите опфатија широк спектар на теми поврзани со вршењето на државната ревизија, сметководството, меѓународните стандарди за финансиско известување и меѓународните сметководствени стандарди.

Едукацијата за државните ревизори е организациски и финансиски поддржана од  Фондацијата за демократија на Вестминстер (WFD) во државата и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).