dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Главниот државен ревизор панелист на конференција во Црна Гора

17.05.2023
Слика
научна конференција во Црна Гора

Делегација на Државниот завод за ревизија предводена од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, учествуваше на Научната конференција на Државната ревизорска институција на Црна Гора која се одржа на 15 мај 2023 година, како дел од јубилејот 19 години од формирањето на ревизорската институција на Црна Гора.

Претседателот на Сенатот на Државната ревизорска институција на Црна Гора,
г. Никола Ковачевиќ им се заблагодари на високите претставници од повеќе Врховни ревизорски институции за нивното учество и придонес во спроведувањето на заедничките активности.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски со презентација во вториот панел посветен на известувањето за резултатите од државна ревизија се осврна на постигнатите резултати на ДЗР во обезбедувањето на висок степен на транспарентност, отчетност и видливост во своето работење. Одличните резултати на Државниот завод за ревизија беа поздравени од сите учесници на настанот, особено во делот на обезбедување на ефикасен систем на комуникација со засегнатите страни и известување за резултатите од државната ревизија како и за додадената вредност која во континуитет ја обезбедува ДЗР преку своето работење и дејствување во општеството.

Како дел од активностите за одбележување на 19-годишнината од постоењето на Државната ревизорска институција на Црна Гора, Претседателот г. Мило Ѓукановиќ организираше специјален прием за менаџментот на Врховните ревизорски институции. Претседателот Ѓукановиќ високо ја пофали работата и посветеноста на врховните ревизорски институции, нивната улога и придонес за добро и стабилно управување со јавните средства во регионот, а на средбата свое обраќање имаше и Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски во името на сите претставници на делегациите на Врховните ревизорски институции кои учествуваа на настанот.

Главниот државен ревизор ја искористи можноста да оствари повеќе билатерални средби на овој настан и тоа со г-ѓа Бјанка Бретече, заменик раководител на програмата во СИГМА, со амбасадорот на Република Северна Македонија во Црна Гора, г. Зеќир Рамчиловиќ, како и со Главните државни ревизори односно претставниците на делегациите од повеќе ревизорски институции кои детално ги информираше и запозна со работењето и резултатите на Државниот завод за ревизија.