dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

ГДР на состанок на проектната група на ЕУРОСАИ во Рим

16.05.2023
Слика
Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски со Претседателот на судот за ревизија на Италија г. Гвидо Карлино

Претставници од Државниот завод за ревизија предводени од Главниот државен ревизор  г. Максим Ацевски на 11 мај 2023 година, во Рим, присуствуваа на состанокот на Проектната група на ЕУРОСАИ - Стратешка цел 1 за придобивките и методологиите на ревизијата во реално време, во организација на ВРИ Италија.

На состанокот присуствуваа претставници од ВРИ на: Албанија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Германија, Унгарија, Косово, Литванија, Малта, Полска, Португалија, Романија, Србија, Турска, Велика Британија, и Италија како координатор на групата, а онлајн го следеа претставници на ВРИ на: Франција, Латвија и Украина.

Од страна на ВРИ беа споделени искуствата во однос на ревизијата во реално време, нејзиното значење, развој и придонес. Во однос на идните активности што ќе следат за развивање на методологија за овој вид ревизија, беше договорено да се спроведе Анкета/Истражување со цел да се утврди состојбата за употреба на ревизијата во реално време во утврдување на заедничкиот пат, а за резултатите треба да се дискутира на следниот состанок.

Главниот државен ревизор г. Максим Ацевски оствари работна средба со г. Гвидо Карлино, претседател на Судот за ревизија на Италија, на која се разменија искуства и на меѓусебно задоволство се покрена иницијатива за билатерална соработка помеѓу двете ВРИ.