dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Kонгрес на врховните ревизорски институции на INCOSAI

14.11.2022
Слика
Meѓународен конгрес на врховните ревизорски институции

Од 7-11 ноември 2022 година, Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми учествуваше на XXIV Меѓународен конгрес на INCOSAI (Meѓународен конгрес на врховните ревизорски институции), организиран од Федералниот суд за сметки на Бразил, во Рио де Жанеиро.

Оваа година Конгресот обедини учесници од повеќе од 120 земји кои дискутираа за клучни прашања со кои се соочува заедницата на надворешната ревизија и нивни потенцијални решенија. ВРИ на Бразил претседаваше со овогодинешниот XXIV INCOSAI чиј фокус беа две главни теми - Работата на Врховните ревизорски институции соочени со јавни катастрофи и Глобален глас, глобален исход и далекусежно влијание.

Во текот на првата пленарна седница, на Конгресот беа донесени важни документи, како што се: правилата и процедурите на организацијата, извештаите за работа, како и Стратешкиот план на ИНТОСАИ 2023-2028 година. Исто така на првата пленарна седница свои обраќања имаа генералните секретари на регионалните организации на ИНТОСАИ, односно АФРОСАИ, АРАБОСАИ, АСОСАИ, ЕУРОСАИ, ОЛАЦЕФС, КАРОСАИ и ПАСАИ. Во својот говор генералните секретари на овие организации претставени од Претседателите на ВРИ ги запозна присутните со сите активности и соработките развиени во изминатите три години, како и предизвиците за во иднина.

Во текот на втората пленарна седница одобрени се Извештаите на: Комитетот за професионални стандарди (PSC), комитетот за градење на капацитетите (CBC), комитетот за споделување на знаење (KSC), комитетот за политика, финансии и администрација (PFAC) и на IDI (INTOSAI Development Initiative). Во текот на третата пленарна седница назначени се седум нови членови на управниот одбор на ИНТОСАИ и двајца надворешни ревизори на INTOSAI за период 2023-2025 година. Исто така усвоена е и РИО Декларацијата.

Заменик главниот државен ревизор г. Адеми оствари средби со претседателот на ВРИ на Бразил, г. Бруно Дантас, домаќин на XXIV конгрес, со претседателот на ВРИ Норвешка г. Карл Еирик Педерсен, со Главниот ревизор на САД  г. Гене Додаро, со претседателот на ВРИ на кралството Саудиска Арабија др. Хуссам Алангари, со Главниот ревизор на ВРИ Албанија д-р Арбен Шеху, како и со претставници од други ВРИ со кои размени мислења и искуства на прашања поврзани со државната ревизија, со цел примена на ревизорските стандарди и зголемување на соработката помеѓу ВРИ.