dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Студиска посета за родово одговорно управување и буџетирање

20.10.2022
Слика
Студиска посета за родово одговорно управување и буџетирање

Во рамките на спроведување на активностите за имплементација на Регионалната програма на Западен Балкан во која учествуваат Република Северна Македонија, Република Албанија, Босна  и Херцеговина, Република Косово и Република Србија „Трансформативно финансирање за родова еднаквост кон потранспарентно, инклузивно и отчетно владеење во Западен Балкан“ (2020-2024),  на покана на UN Women, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски заедно со своите соработници, во период од 17 до 19 октомври 2022 година, присуствуваа на студиска посета во Стокхолм Шведска.

Целта на оваа студиска посета е да се зајакнат капацитетите на ВРИ за вклучување на родовата перспектива во ревизиите на успешност кои треба да создадат додадена вредност за зголемување на отчетноста и транспарентноста во поглед на обврските за родова еднаквост.

Во текот на студиската посета, претставниците на ВРИ се запознаа со искуствата и добрите пракси на клучните институции во Шведска, претставени од Националната канцеларија за ревизија на Шведска и релевантните ресорни министерства Министерство за финансии, Министерство за вработување и родова еднаквост и Министерство за надворешни работи. Претставниците на ВРИ остварија средба и со претставници од Шведската интернационална развојна агенција SIDA кои ги презентираа развојните меѓународни политики за промовирање на родовата перспектива.

Заклучоците на студиската посета се насочени кон интензивирање на соработката меѓу врховните ревизорски институции во регионот, со цел разменување на искуства, споделување на научени лекции и совети. Потребно е изнаоѓање на модели кои можат да инспирираат и промовираат нови пристапи и иницијативи во спроведување на паралелната регионална родова ревизија во 2023 година.