dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Обука за вработените за ИДЕА софтвер

14.10.2022

Вo периодот од 12-14 октомври, 30 ревизори од Државниот завод за ревизија учествуваа на тридневна обука за користење на ИДЕА софтвер, како активност во рамки на твининг проектот “Подобрување на надворешната ревизија и парламентарниот надзор“.

Обуката ја спроведоа г. Хозе Мануел де ла Рока Бонила и Мигуел Гарсија- Виламил Кармона вработени во врховната ревизорска институција на Шпанија, овластени едукатори за ИДЕА софтвер, кои опфатија повеќе теми, области, функции и придобивки од користењето на ИДЕА софтверот во секојдневните ревизорски активности при вршењето на државната ревизија.

IDEA софтверот има за цел да овозможи лесен начин на вчитување, прикажување и анализирање на податоците, избор на примерок за тестирање во ревизијата од речиси секој извор на податоци и притоа да ги идентификува трендовите и во исто време дава можност да се откријат измами.

Целта на спроведената обука е да им овозможи на државните ревизори преку практични инструкции да се стекнат со знаења во примената на методологија за анализа на податоци и избор на примерок, како и да препознаат вообичаени симптоми на можна корупција и злоупотреба и при користењето на повеќе бази на податоци.