dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

ДЗР потпиша Меморандуми за разбирање со ЦЕФ И ЦИПФА

01.07.2022
Слика
ДЗР потпиша Меморандуми за разбирање со ЦЕФ И ЦИПФА

Главниот државен ревизор г. Максим Ацевски потпиша Меморандуми за разбирање со претседателот на Овластениот институт за јавни финансии и сметководство (CIPFA) г. Мајк Драјвер и г-ѓа Јана Репаншек, директор на Центарот за извонредност во финансии (CEF) Словенија.

Со потпишување на овие меморандуми се воспоставува соработка меѓу ДЗР и наведените институции со цел да се создаде формална основа за континуирана соработка на заеднички активности за унапредување на заедничката заложба за добро управување со јавните финансии и добро владеење, како и споделување на најдобри практики за подобрување на вештините и капацитетите на јавните институции и службеници.

Делегацијата на ДЗР во рамките на дводневната посета во Тирана, Албанија, учествуваше на меѓународна конференција на тема „Да се направат владините услуги подобри за граѓаните“ во организација на Центарот за извонредност во финансии (CEF) Словенија и Овластениот институт за јавни финансии и сметководство (CIPFA).

На конференцијата беа опфатени повеќе теми поврзани со институционалните и сметководствени /финансиски аспекти за известувањето за начинот на управување со јавните средства, користењето на информациите за јавните средства при донесување на одлуки и одговорности, како и теми поврзани со спречување и превенција на корупцијата во јавниот сектор.

Меѓународната конференција активно ја следеа online и вработените на Државниот завод за ревизија преку Zoom платформата.

Линк до Меморандумот за разбирање помеѓу ДЗР и ЦЕФ:

https://dzr.mk/.../2022-06/Memorandum_razbiranje_DZR_CEF.pdf

Линк до Меморандумот за разбирање помеѓу ДЗР и ЦИПФА:

https://dzr.mk/.../Memorandum_razbiranje_DZR_CIPFA.pdf