dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Главните државни ревизори на средба со Претседателот на Собранието

17.06.2022
Слика
Заедничка фотографија на претставниците од Врховните ревизорски институции на Македонија и Хрватска и Собранието на РСМ

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Главниот државен ревизор на Република Хрватска г. Иван Клешиќ, остварија работна средба во Охрид со Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери.

Средбата се организираше со цел да се даде поддршка на активностите за зајакнување на соработката помеѓу Државниот завод за ревизија и Собранието на РСМ.

На одржаната средба Претседателот на Собранието на РСМ и првите луѓе на Врховните ревизорски институции на Република Северна Македонија и Република Хрватска, дискутираа како да се подобри меѓусебната соработка, следејќи ги позитивните практики на земјите членки на Европската Унија.

Во наредниот период се очекува да биде потпишан Меморандумот за соработка со кој ќе биде унапредена соработката и ќе се воспостават професионално  одржливи и ефикасни односи помеѓу Собранието на РСМ и ДЗР, со цел зајакнување на надзорот и зголемување на ефикасноста и транспарентноста на јавните финансии.