dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Зајакнување на комуникацијата со Јавното обвинителство

10.03.2022
Слика
Зајакнување на соработката

Со цел да го зајакнат и продлабочат начинот на меѓусебната соработка и комуникација заради обезбедување на навремено, целисходно и ефикасно постапување по утврдените состојби во конечните ревизорски извештаи челните луѓе на Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија потпишаа меморандум.

Чинот на потпишување се случи во просториите на ДЗР каде Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Јавниот обвинител Љубомир Јовески  го ставија својот потпис на документот за зајакнување на институционалната комуникација  меѓу ДЗР и Јавното обвинителство.

Со потпишување на меморандумот двете институции се обврзуваат да дејствуваат заеднички во насока на обезбедување на навремена, непосредна и отворена комуникација со која ќе се обезбедат суштествени информации поврзани со утврдените состојби во конечните ревизорски извештаи, даденото ревизорско мислење и дадените препораки содржани во ревизорските извештаи.

Потписниците на меморандумот се обврзуваат целокупната меѓу-институционална комуникација да ја остваруваат согласно законските надлежности и врз основа на принципите на доверливост и взаемна почит.

Линк до меморандумот:

https://dzr.mk/sites/default/files/2022-02/Memorandum_DZR_OJO_March_2022.pdf