dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Потпишан договор за соработка со ВРИ на Република Србија

25.02.2022
Слика
Главните државни ревизори го потпишуваат Договорот за соработка.

Како резултат на долгогодишната успешна билатерална соработка, денес во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Главниот државен ревизор на Државната ревизорска институција на Република Србија, Душко Пејовиќ, потпишаа Договор за соработка помеѓу двете Врховни ревизорски институции.

Покрај потпишувањето на договорот за соработка, претставниците на двете делегации, разговараа и ги дефинираа идните активности и области од заеднички интерес, како и можностите за подобрување на ревизорските процеси согласно меѓународните стандарди и најдобрите практики на земјите членки на Европската унија.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски во своето обраќање истакна дека особено радува можноста за соработка на двете институции во спроведување на паралелна ревизија на тема „Рамномерен регионален развој со посебен акцент на демографијата“ која е актуелна и особено значајна во целиот регион и пошироко.

Главниот државен ревизор на Државната ревизорска институција на Република Србија, Душко Пејовиќ се заблагодари на гостопримството на домаќините и истакна дека очекува со заедничките активности во паралелната ревизија да се даде придонес кон потранспарентно и поотчетно користење на јавните средства од единиците на локалната самоуправа, како и давање препораки за рамномерен регионален развој.