dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Заеднички заложби во превенцијата и борбата против корупција

11.02.2022
Слика
Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми, остварија работна средба со Заменик Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска

На ден 10.02.2022 година, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми, остварија работна средба со Заменик Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска.

На одржаниот состанок се дискутираше на повеќе актуелни теми во системот за превенција и борба против корупцијата, а се разговараше и за одредени клучни системски слабости констатирани во конечните ревизорски извештаи, како и за идни предизвици во заедничката соработка и дејствување.

Заменик Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска, нагласи дека соработката со Државниот завод за ревизија е од исклучително значење во креирањето на политики за добро владеење и дека професионализмот и информациите на ДЗР се исклучително важни за навремено постапување по ревизорските наоди од страна на надлежните институции.

Главниот државен ревизор меѓу другото информираше за драфт верзијата на новиот Закон за државна ревизија која што е веќе подготвена, со имплементирани решенија на сите досегашни детектирани системски пропусти, со кој се настојува да се овозможи оперативна и финансиска независност на Државниот завод за ревизија.