dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

„Работна сила 2030 - дали е вашата земја подготвена“

31.01.2022
Слика
Пазар на труд

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА

- Соопштение за медиуми- 

Скопје, 31.01.2022

      

„Работна сила 2030 - дали е вашата земја подготвена“
КОНСОЛИДИРАН ИЗВЕШТАЈ – ПРОЕКТ НА EUROSAI SG1

водечки документ и алатка за работа за сите влади во светот за идните предизвици на пазарот на трудот

 

Објавен е Kонсолидиран извештај од меѓународната паралелна ревизија во рамките на која Државниот завод за ревизија зема учество со ревизијата на успешност на тема „Владино планирање - Ефективност на владини мерки за справување со ризиците на пазарот на трудот и начинот на планирање на средствата за надминување на истите“

Согледувајќи ги глобалните трендови и предизвици за работна сила 2030 на пазарот на трудот ширум светот кои се случуваат, што резултира со нови комбинации помеѓу технологии од различни области, како и брзината на нивното појавување ја нагласуваат потребата од приспособување на обезбедените вештини на учениците од образовниот систем – идните работници – како и на вештините на сегашните работници, до тие промени. Поради важноста на ова беше воведена иницијатива за паралелна ревизија која беше спроведена под покровителство на ЕУРОСАИ која ја предводеше Канцеларијата на Државниот контролор и народен правобранител на Израел. Проектот започна во март 2019 година со следните учесници ВРИ: Израел, Финска, Италија, Бугарија, Полска, Република Северна Македонија, Европски суд за ревизија (ЕCA) и Јужна Кореја.

Како паралелна ревизија, од учесниците ВРИ се извршени посебни ревизии, усвојувајќи различен ревизорски пристап и теми на ревизијата. Така, согледувањата, наодите, препораките и заклучоците на секој учесник во ревизијата на ВРИ кои се однесува на сопствената земја (или ЕУ за ЕКА) се вградени во консолидираниот извештај.

Државниот завод за ревизија беше вклучен во рамките на активностите за паралелната ревизија согласно Годишната програма за работа на ДЗР за 2020 година со ревизија на успешност на тема „Владино планирање - Ефективност на владини мерки за справување со ризиците на пазарот на трудот и начинот на планирање на средствата за надминување на истите“ по што во февруари 2021 година е издаден Конечен ревизорски извештај на овластениот државен ревизор.

https://dzr.mk/sites/default/files/2021-02/1_52_RU_Vladino_planiranje_megunarodna_paralelna_revizija_2020_KOMPLET_REDUCE.pdf

Во рамките на консолидираниот извештај презентирано е резиме од извршената ревизија на ДЗР на РСМ при што се презентирани:

  1. Основните податоци за:
  • клучни стратешки документи, планови и програми во РСМ;
  • движењата на пазарот на труд, клучно за економскиот развој и вработеноста во РСМ, стратешките приоритети, развојните политики и мерки на Владата на РСМ, како и начинот на финансирање за надминување на разликите помеѓу побарувачката и понудата на работна сила;
  • преземените активности од страна на надлежните институции за креирање и имплементирање на активни мерки и политики за вработување како и нивното влијание врз нивото на вработеност во земјата;
  • анализата на податоците за вкупното работоспособно население, активното население, вработеноста и невработеноста во РСМ  за период од 2017 – 2019 година,  стапката на невработеност во РСМ која бележи пад за 5,1%, но во споредба со регионот, ЕУ и Евро зоната останува висока, што не е доволно за стекнување статус на земја со ниска невработеност;
  • влијанието на COVID-19 пандемијата во 2020 година кое поради непредвиденото намалување на економската активност предизвика пад при вработувањето односно прилив на невработени лица од неколку сектори во државата;
  • донесување на пакети економски мерки за справување со негативните ефекти од пандемијата.

 

Grafikon


Главните наоди кои се однесуваат на:  

  • Слабости во законската регулатива во делот на поделба на должности и одговорности при носење, имплементирање и надзор над спроведување на активните програми и мерки за вработување
  • Делумна имплементација на основните стратешки документи и акциски планови согласно поставените цели
  • Отсуство на утврдени критериуми и сеопфатни анализи како основ за планирање, креирање на програмите и мерките за вработување
  • Имплементација на програмите и мерките за вработување
  • Неусогласеност на вештините на младите лица со барањата на пазарот на трудот
  • Трајно одлевање на високообразован кадар
  • Недостиг на стручни и административни капацитети:
  • Отсуство на критериуми за утврдување на масата на финансиски средства и нивна распределба по програми, мерки и услуги за вработување
  • Отсуство на воспоставен процес на мониторинг и евалуација на имплементацијата на програмите и мерките за вработување

Заклучок:

Утврдените мерки и политики со законите, стратешките документи, програмските и плански документи и преземените активности од страна на надлежните институции за спроведување на политиката за вработување се насочени кон подобрување на вработеноста, односно намалување на стапката на невработеност.

Имајќи ги во предвид констатираните состојби ревизијата утврди дека политиките, мерките и активностите преземени од страна на надлежните институции не се доволно ефективни за обезбедување вработување и вештини согласно побарувачката на пазарот на трудот и надминување на трендот од континуиран одлив на кадар од државата. Постои потреба за координирано дејствување и зајакнување на активностите на надлежните институции во делот на креирање на политиките и мерките во насока кон зголемување на вработеноста, унапредување на вештините согласно побарувачката на пазарот на трудот и задржување на кадарот преку нудење на квалитетни можности за вработување.

Да се покаже посветеноста на врховните ревизорски институции за ова значајно поле, во рамките на меѓународната соработка во консолидираниот извештај презентирани се голем  број примери на други ревизии подготвени од страна ВРИ учесници во последниве години или планирани ревизии за наредните години, кои се однесуваат на широкиот спектар на под-теми на Работната сила 2030.

Линк до извештајот: https://www.mevaker.gov.il/En/publication/Documents/2021-WORKFORCE-2030.pdf