dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Меѓународни активности во рамки на ЕУРОСАИ – ТФМА

28.01.2022
Слика
Меѓународни активности во рамки на ЕУРОСАИ – ТФМА

Државниот завод за ревизија успешно ја комплетираше Активноста 2.5 и изработи анализа на тема "Собирање и систематизација на податоците за начинот/методите за следење на спроведувањето на препораките дадени во ревизорските извештаи за единиците на локалната самоуправа".

Анализата вклучува податоци обезбедени од 23 членки на Работната група за ревизија на единиците на локалната самоуправа на Европската организација на врховни ревизорски институции (ЕУРОСАИ) - ТФМА. Државниот завод за ревизија со цел успешно реализирање на оваа активност, изготви Прашалник со 21 прашање наменет за сите 27 членки на Работната група.

Следењето на спроведувањето на препораките е од особена важност за доброто управување. Анализата дава можност да се претстават различните практики преку кои ќе се обезбеди поефикасно функционирање на системите. Темата е од особена интерес бидејќи следењето на имплементацијата на препораките е важен сегмент за обезбедување на транспарентност и одговорност како елементи на добро управување.

Линк од изготвениот документ:
2_5_Questionnaire analysis_eng_Jan 2022_by MKSAO.pdf (tfma.eu)